Манекенката Кристи Тајген на најдобар начин на своите фанови, а пред се на жените, им покажала дека е како секоја друга девојка. На Инстаграм гордо ја открила својата „мана“, недостаток кој многу припаднички на понежниот пол со задоволство би го сокриле.„Модринки од удари во кујна. Стриите ви кажуваат: „Здраво“- порачала Крис на Инстаграм.
Фановите реагирале одлично.
„Те сакам“, „Имам стрии исто така и одлично е што конечно некој е реален и што покажа вакво нешто. Фала ти“, гласат некои од коментарите.
Сопругата на Џон Леџенд е една од ретките меѓу познатите личности кои јавно и без воздржување ги покажуваат своите несовршености.
На нејзиниот профил можеме да видиме безброј нејзини фотографии на кои јасно гледаме дека женската убавина е „можна“ и со „големи-мали“ маани.
Начинот на кој Кристи се покажува себеси без сомнеж е позитивен и преставува пример кој би требало да го следат и останатите ѕвезди.„Модринки од удари во кујна. Стриите ви кажуваат: „Здраво“- порачала Крис на Инстаграм.
Фановите реагирале одлично.



