Ние од ова егзистираме, надлежните да ни го решат проблемот

Со двочасовен протест и блокада со трактори на улицата пред општинската зграда во Тетово повеќе земјоделци од овој регион го изразија револтот од немањето соодветна локација за продавање на своите земјоделски производи.Тие години наназад сезонското овошје и зеленчук го продаваат на улици, тротоари и други јавни површини соочувајќи се со казни од страна на полицијата.
– Ние од ова егзистираме, а казните се поголеми од тоа што заработуваме. Бараме Општината конечно да ни изнајде соодветна локација каде ќе можеме слободно да го продаваме својот производ, рече земјоделец од тетовско Џепчиште.

Земјоделците по завршувањето на протестот и блокадата најавија и понатаму дека на ваков начин ќе го изразат револтот ако Општината не го исполни ова ветување.
 Тие години наназад сезонското овошје и зеленчук го продаваат на улици, тротоари и други јавни површини соочувајќи се со казни од страна на полиција

Пронајдете не на следниве мрежи: