Нигерија е новиот африкански шампион

Фудбалската репрезентација на Нигерија е новиот шампион на Африка, откако во финалето на Африканскиот куп на нации ја победи Буркина Фасо со 1:0.На стадионот во Јоханесбург, пред 94.000 гледачи, единствениот гол го постигна Сандеј Мба во 40-та минута од натпреварот.Нигерија на овој начи по трет пат во својата историја ја освои континеталната титула, а селекторот Кеши стана само вториот Африканец кој титулата ја освоил како играч и тренер, претходно тоа му успеало на Мохамед Ел Гохари од Египет.Нигерија со освоената титула избори пласман на Купот на Конфедерации, кој оваа година ќе се одржи во Бразил.Нигеријците на Купот на конфедерации ќе се натпреваруваат во Б Групата заедно со Уругвај и Шпанија.
МакфаксФудбалската репрезентација на Нигерија е новиот шампион на Африка, откако во финалето на Африканскиот куп на нации ја победи Буркина Фасо со

Пронајдете не на следниве мрежи: