Нигериските исламисти ги погубиле седумте странски заложници

Нигериската исламистичка група Ансар ал-Муслиман во саботата објави дека ги погубила седумте странски заложници кои од комплексот на  една странска градежна компанија ги грабна на 7-ми февруари, соопшти организацијата SITE специјализирана за надзор на содржините што ги објавуваат интернет страниците на кои се огласуваат терористичките групи.Исламистичката група ја објавила изјавата на арапски и на англиски јазик со снимки на коишто се прикажани наводните убиени заложници, наведуваат од SITE.Во изјавата групата навела дека одлучила да ги убие заложниците поради обидите на Велика Британија и Нигерија да ги ослободат.
МакфаксНигериската исламистичка група Ансар ал-Муслиман во саботата објави дека ги погубила седумте странски заложници

Пронајдете не на следниве мрежи: