Многу од познатите имаат црномурести родители, а тоа ретко кој го знае, бидејќи имаат светол тен.На бројните ѕвезди од светскиот џет сет, како што се Мараја Кери, Џесика Алба, Вин Дизел и многу други, едниот од родителите им е црн. Но, ретко кој би погодил, со оглед на тоа дека тие имаат светол тен.
И додека некои ги осудуваат овие личности што не ги нагласуваат своите афроамерикански корени, други сметаат дека етничката припадност не е битна.
Зеленоокиот Венворт Милер е миленик кај жените. Тој се прослави со улогата во филмот „The Human Stain“, каде што глумеше црнец. Малкумина знаат дека неговиот татко е црномурест. Тој е роден во Англија, а светлиот тен го повлекол од мајка му.
Рашида Џонс веројатно ја имате гледано во многу серии и филмови, но никогаш не би погодиле дека нејзиниот татко е црномурестиот Квинси Џоунс, кој е познат во музичкиот свет. И таа го повлече светлиот тен од нејзината мајка, актерката Пеги Липтон.
Мараја Кери влече корени од различни краишта од светот. Нејзината мајка е од Ирска, татко ѝ е афроамериканец од Куба. Интересно е дека нејзиниот дедо од таткова страна по потекло е од Венецуела, а дури ни самите членови од семејството не се сигурни дали бил белец или црнец.
Адријана Лима за себе сака да каже дека е „Афро-Бразилка“, но, таа за добриот изглед треба да им се заблагодари на гените. Имено, оваа убавица има јапонски, швајцарски и африкански корени, но таа има светол тен.
Никол Ричи исто така има мешана крв, бидејќи нејзиниот татко бил црномурест. Многумина знаат дека му е ќерка на Лајонел Ричи, но тој неа ја има посвоено. Нејзин биолошки татко е Питер Мајкл Есковедо, музичар кој кратко време работел со Лајонел. Сфаќајќи дека нема пари за да ја издржува ќерката, тој одлучил да ја пушти Никол да живее со Лајонел кој подоцна и законски ја посвоил.
Вин Дизел
Со години не се знаеше дека неговиот татко е всушност афроамериканец. Меѓутоа, интересно е дека неговите деца, кои ги има со бела жена, имаат значително потемен тен и виткани коси.
Џесика Алба и не може да се рече дека е мелез, но таа има интересна мешавина на крвта. Нејзината мајка влече корени од Данска и Канада, а татко ѝ е Мексиканец. Околу нејзиното потекло се водат разни дебати, бидејќи многумина ја обвинуваат дека ги крие своите африкански кроени и затоа актерката се согласила јавно да направи ДНК тест.На бројните ѕвезди од светскиот џет сет, како што се Мараја Кери, Џесика Алба, Вин Дизел и многу други, едниот од родителите им е црн. Но, ретко ко
Пронајдете не на следниве мрежи:



