Општина Чајетина донесе одлука поради концертот на Здравко Чолиќ кој е закажан за новогодишната ноќ, да го пресуши Златиборското Езеро, што е преседан бидејќи во историјата на езерото не се случило тоа да се пресуши поради некој естраден уметник.Трошоците за организацијата на концертот на Чолиќ ќе изнесуваат околу 50.000 евра, а надлежните не се запознаени со тоа колку посетители ќе бидат во можност да присуствуваат.
„Одлуката да се пресуши езерото беше донесена со цел повеќе луѓе да бидат во можност да застанат во близина на сцената и да уживаат во концертот на Чола. Не знам точно колкав е бројот на посетители, но очекувам дека околу десет илјади луѓе ќе можат да се сместат во потесниот центар – На Кралскиот плоштад и просторот во пресушеното езеро. Останатите 40.000 ќе можат да се сместат на зелените површини околу угостителските објекти и на балконите од рестораните“ – изјави Милан Стаматовиќ, претседател на општината Чајетина, кој ја одобрил одлуката. Тој не гледа ништо чудно во тоа да се испразни езерото поради некоја естрадна личност.
„Езерото и без тоа секоја година се пресушува поради чистење. Целата процедура ќе трае најмногу еден ден“ – додал Стаматовиќ.
Според неговите зборови, во тоа езеро нема риби и со тоа „ниедно животно нема да настрада во целиот процес“.Трошоците за организацијата на концертот на Чолиќ ќе изнесуваат околу 50.000 евра, а надлежните не се запознаени со тоа колку посетители ќе бидат в



