Никола Груевски: Платите во театрите, МОБ и Филхармонија зголемени за 60 отсто

Loading...

Во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија и платите на вработените во театрите, во Македонската филхармонија и во Македонската опера и балет за околу 60 отсто од претходно постоечките. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ.Откако се увиде дека во минатото неправедно биле изоставувани и депресирани платите во секторот култура, појасни Груевски, без какви било притисоци, во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија платите во културата.
Во соработка со СОНК, како што информира, се подготви Колективен договор за култура во кој се утврдени работни места кои ќе бидат исти за сите вработени во оваа област, согласно спецификата на установата.
– Со тоа секој вработен во културата, за исто работно место ќе добие иста плата, појасни Груевски.
Со последните законски измени, како што рече, се овозможи и субвенционирање со цел стимулирање и создавање домашна музичка продукција.
Премиерот Груевски потсети дека со Законот за медиуми се воведува одреден број часови задолжително емитување на домашна музика и домашна играна продукција и додаде оти ќе продолжи поддршката.Откако се увиде дека во минатото неправедно биле изоставувани и депресирани платите во секторот култура, појасни Груевски, без какви било притисоци

loading...
Loading...