Никола Пауновиќ: Многу ми е жал и се каам што настапував на X – Factor

Пејачот, кој популарноста ја стекна како учесник во „Операција Триумф“,  Никола Пауновиќ е разочаран со неговото учество во „X-Factor Adria“ иако добил четири „да“ од жирито што му обезбеди учество во вториот круг од натпреварувањето.Никола за време на емитувањето на шоу програмата на Фејсбук го искажал своето незадоволство како е претставен пред гледачите.
– После погледнатиот настап можам да кажам дека ми е многу жал што учествував во домашната верзија на „X-Factor“ и се каам што сум дел од тој проект. Вечерва продукцијата на „X-Factor Adria“ ни се пок**а на глава, но јас тоа го барав и го заслужив. Ќе навивам за своите другари (знаат тие кои се) и сакам да стигнат до финале. Се надевам дека гласањето ќе биде фер, напишал Пауновиќ на својот Фејсбук.
Меѓутоа, поранешниот учесник на реалното шоу „Операција Триумф“ вчера го избришал својот претходен статус и им се заблагодарил на фановите:
„Другари фала на убавите зборови и поддршката. Жал ми е што не сум „доволно добар“ да ми ја пуштат цела аудиција, но неважно. Одиме понатаму“, напишал Никола.

 
Никола за време на емитувањето на шоу програмата на Фејсбук го искажал своето незадоволство како е претставен пред гле

Пронајдете не на следниве мрежи: