Пишек остро ги критикуваше јавните личности, кои помошта што им ја даваат на луѓето загрозени од поплавите ја користат за да се фотографираат за социјалните мрежи и така се рекламираат себеси.Таа го напиша следново:
Гледам овие денови на Фејсбук и на веб порталите и не им верувам на очите: фотографирање со кутии и вреќи во внимателно одбрани комбинации (ненаметливи, но сепак промислени), насмеани луѓе покрај срушени населби и беспомошни луѓе со бескрајна тага во погледите, „познатите“ држат транспаренти, исчитуваат јавно на концертите броеви за помош. Преку глава ми е од себепромоција. Како на луѓето не им е срам да се рекламираат на туѓата несреќа?
И зошто нечиј труд е поценет и јавно истакнат за разлика од несебичниот и крвав труд на огромен број анонимни луѓе? Помогни и ќути! – напиша Николина на својот Фејсбук профил.
Реакцијата на водителката направи хаос на социјалните мрежи, па таа беше принудена да го избрише статусот.
– Го избришав последниот статус бидејќи стана полигон за секакви шовинистички коментари. Да заклучам: Луѓе јас почитувам сечие мислење, но не морам со сите да се согласам. Останувам на своето.
Тоа е убавината на демократската дискусија, порача Пишек.Таа го напиша следново:
Гледам овие денови на Фејсбук и на веб порталите и не им верувам на очите: фотографирање со кутии и вреќи во



