Николов: 12,5 милиони евра инвестиции во Радовиш

Градоначалникот на општина Радовиш даде отчет пред граѓаните за сработените проекти за изминатата 2016 година и ги претстави идните проекти за наредната календарска година.
 -Изминатата година ќе биде запаметена во Радовиш бидејќи во 2016 година се случиле најголемите инвестиции во патната ифрастуктура, здравството, образованието, односно во секој сегмент од политичкото и општественото живеење. Најголемиот проект во општина Радовиш во изминатата година беше започнувањето на градењето на прочистителната станица и таа беше во вредност од 6,5 милиони евра, a таа е веќе во напредна фаза и изградба. Истата оваа година почнавме и со изградба на локалниот пат Подреш-Калуѓерица и истата инвестиција е во износ од 600 илјади евра. Во 2016 година отпочнавме и завршивме голем број на проекти во делот на пробивање и асфалтирање на улиците, изјави градоначалникот на Радовиш Сашко Николов.
Тој исто така истакна и дека во Радовиш во изминатата година е изградено и  мултифункционално игралиште во селото Ровица, ивестиција која чинела 10 милиони денари, а се изградило и пешачка патека до манастирскиот комплекс „Св Ѓорѓија“ во износ од 12 милиони денари. Исто така се реконструирало и спортската сала, како и изградба на нов парк со детски реквизити во висина од 3 милиони денари.
-Во делот на здравството во изминатата година се случија инвестиции во делот на енергетската ефикасност, реконструкција на фасадата на здравствениот дом, како и набавка на момограф. Исто така обезбедени се и апарати во склоп на лабораторијата на здравствениот дом, а сите овие ивестиции биле во вредност од 220 илјади евра, истакна, Николов.
Тој во 2017 година вети и изградба на повеќе улици во општината, поплочување на улици со бекатон плочки, како и изградба на мултифункционално игралиште. Градоначалникот оваа година најави и неколку значајни проекти со поддршка на Владата на Република Македонија, а тоа се изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и изградба на градскиот пазар во Радовиш.-Изминатата година ќе биде запаметена во Радовиш бидејќи во 2016 година се случиле најголемите инвестиции во патната ифрастуктура, здравството, обр

Пронајдете не на следниве мрежи: