Никовски: Криминал е да се користи референцата ФИРОМ во превод на говор

За говорот на претседателот Ѓорѓе Иванов на советот на Обединетите Нации, но и за позицијата на Република Македонија во „Аргументи“ на ТВ нова зборуваше дипломатот Ристо Никовски кој смета дека Иванов во своето излагање беше аргументиран, смирен и ги докажуваше своите поенти со факти.-Подготвувајќи се за оваа емисија налетав на објава на информативниот дел на ОН, каде е направен еден убав приказ на говорот на Иванов. Насловот гласи „Претседателот на Македонија укажува дека светот е на крстосница“. Меѓутоа тука е направен еден невиден криминал, пишани сме ФИРОМ, а референцата ја користат и во текстот. Тоа е скандал, ти ставаат во уста нешто за коешто претседателот може да ги тужи. Иванов не беше емотивен, беше аргументиран, смирен и со располагаше со факти. Тој ги спомна и двојните стандарди што се рамни на тероризам, тоа е она што го прават и Европа и Вашингтон. Тоа е димензија што мора да се нагласи,  истакна Никовски.
Според него, во своето обраќање Иванов се заложи решението на проблемот со името да се бара во рамки на времената спогодба, на резолуцијата на ОН и хашката пресуда.
-Мораме да ја избегнуваме времената спогодба во целина. Времената спогодба е катастрофална за Македонија. Од неа позитивни за нас се два дела – каде Грција не прифаќа како држава и нема да не попречува, иако во пракса тоа не е така. Сепак времената спогодба ни ја девалвира нашата позиција во однос на резолуцијата на Советот за безбедност бидејќи ние се држиме за хашката пресуда, а мораме да ја избегнуваме времената спогодба, смета Никовски.
Поранешниот амбасадор појасни дека интересот на големите сили никогаш не е да се решат проблемите.
-Мислите дека не можат да се решат проблемите на Блискиот исток?  Нашите проблеми се решаваат 20 години. Ако ги решат проблемите големите сили ја губат улогата и со самото тоа ќе бидат непотребни. Во нивни интерес е да имаат ангажман, вели Никовски.-Подготвувајќи се за оваа емисија налетав на објава на информативниот дел на ОН, каде е направен еден убав приказ на говорот на Иванов. Насловот гл

Пронајдете не на следниве мрежи: