Ништо од „златната грозница“: Германија ќе ги остави своите резерви на злато во САД

Планот на Германија да ги врати националните резерви на злато во Франкфурт до 2020 година, „отиде во вода“. Сега за сега, одлучено e златото во вредност од 635 милијарда долари да се остави во трезорите во САД.Германија чува само една третина од златото кај себе (во вредност од 141 милијарди долари), а останатите делови се чуваат во странство. Од тоа, 45% се наоѓаат во американските Федерални резерви во Њујорк, 13% во Лондон, 11% во Париз. Останатите 31% се дома, односно во Франкфурт.
„Американците добро се грижат за нашето злато и нема простор за појава на никакви сомнежи“, изјави Ноберт Бартл, гласноговорник на германскиот парламент.
Имено, на крајот на јуни, германската делегација отпатува за Њујорк за да ги провери своите златни резерви и тоа за првпат во последните 10 години.
Движењето „златото да се врати дома“ во голем процент беше водено од скептици кои сакале златото да се врати во Германија најдоцна до 2020 година. Дoсега, тие усpеале да вратат само 10%, или 300 тони злато. Останатите 374 тони од Државната банка на Франција, се очекува да пристигнат во блиска иднина.
По Втората светска војна, Германија го пренесе своето злато во Федералните резерви на САД, но се одлучи да не го враќа назад во Бундесбанк. Стравот од инвазија од страна на Советите за време на Ладната војна, ги зацрвсти нивните убедувања за тоа златото да се чува во други земји.
Во случај да дојде до враќање на златото во Германија, тоа би се извело со огромни мерки за безбедност. Имено, кога златните резерви се префрлуваа во Франција (1966 година), беше користена подморница.Германија чува само една третина од златото кај себе (во вредност од 141 милијарди долари), а останатите делови се чуваат во странство. Од тоа, 45%

Пронајдете не на следниве мрежи: