Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината

Loading...

„Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината“, СафоколеПишуваме во име на членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а го искажуваме мислењето и барањето на Македонците од Австралија. Во нашата асоцијација членуваат повеќе од 350 лица, истата постои 39 години и активно е вклучена во зачувувањето, одгледувањето и промовирањето на македонскиот јазик и литераура. Досега имаме издадено 76 наслови воглавно историска литература преку која го штитиме националниот интерес на Македонија и активо сме вклучени во борбата за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората во одбрана на притисоците од шовинистичките влади на Грција, Бугарија, Србија и Албанија.
Крајно загрижени сме за иднината на Македонија, а не се мешаме во платформите на македонските политичките партии. Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава.
Оние партии, а посебно албанските, кои се сремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Доколку жителите во Македонија кои се од друга националност не покажат лојалност и се сремат да ја уништат македонската држава тогаш истите треба под итно да ја напуштат Републиката, да се вратат во своите матични земји каде нивните национални права се веќе загарантирани. Едноставно, оној кој работи против македонската државност не треба да има право да живее во Република Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име имаа цел да им се оствари сонот на соседите, а најжалосно е тоа што сега повторно се поставува ултиматум за менување на химната и уставот, значи некои македонски политичари си ја продаваат душата само да дојдат на власт.
Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најповеќе водечка улога во зачувување на нашата државност и нација.
Со особена почит и со надеж дека ќе ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.
Од името на членовите,
Претседател
Душан РистевскиПишуваме во име на членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а го искажуваме мислењето и барањето на Мак

loading...
Loading...