Нивес Целзиус ја претстави книгата „Гола вистина 2“

Окружена со многубројни обожаватели, Нивес Целзиус синоќа ја претстави својата нова книга „Гола вистина 2“ во Бисто Сторија, кое се наоѓа во рамките на шопинг центарот Поинт на загрепските Врбани. Одличната атмосфера Нивес дополнително ја загреала со својот хит „Каранфили“, а во продолжение зборувала со Ведрана Рудан за својот бестселер.„Секако дека ја прочитав книгата. Вечерва за првпат се сретнав со Нивес и ми се потврди сето она што го мислев за неа, дека е убава и паметна. Многу е талентирана и ја поддржувам во тоа што го работи, бидејќи живее во свет кој е полн со омраза кон жените. Таа има смисол за бизнис и точно ја разбира земјата во која што живееме“, истакна писателката Ведрана Рудан.
Во презентацискиот разговор со Ведрана, Нивес и открила дека едно од главните поглавја во книгата му го посветила на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер.
-Милановиќ? Зошто мислите дека сум пишувала за Милановиќ? Пишував за Санадер. И не гледам причина зошто тоа би била табу тема; па тој комуницирал и со Анте Топиќ додека беше премиер; затоа е очигледно дека сака добра литература, истакна Нивес, додека во книгата детално ја опишала својата препирка со некогашниот моќен премиер.
Контроверзната пејачка призна дека бракот со фудбалерот Дино Дрпиќ е готов по цели девет години заеднички живот, а сите детали од љубовниот бродолом ги опиша во книгата.
„Овој пат не водев сметка да ги заштитам ликовите како во претходната книга. Гола вистина 2 е продолжение на наградениот првенец и лично ги имам поминато сите случки. Доволно созреав како авторка и како жена за да можам лично да пишувам за сопственото секојдневие, како и за многуте тешки, но и убави моменти кои сите ние ги поминуваме во нашите четири ѕида. Оваа книга е моја животна исповед и верувам дека ќе и се допадне на мојата публика“, нагласи авторката.„Секако дека ја прочитав книгата. Вечерва за првпат се сретнав со Нивес и ми се потврди сето она што го мислев за неа, дека е убава и паметна

Пронајдете не на следниве мрежи: