На овогодинешното шесто издание на радискиот фестивал „МАРС“ за најголем радиски хит е прогласена песната „Запомни, тоа е сѐ што имаме“ од Нокаут.„Нокаут“ покрај оваа награда добија награда и за најголем радиски хит отпеан од група.
Вредна парична нагрда од 60.000 денари и можност да ја искористат Универзална сала за свој солистички концерт се дополнителните бенефиции.
Наградите беа доделени според гласови од публиката и 12-членото жири составено од претставници на локални и национални радиостаници.
Останатите награди се:
Најдобар радиски хит испеан од машки вокал за песната „Месечина“ од Димитар Андоновски
Најдобар радиски хит испеан од женски вокал за песната „Само сакам да“ од Тамара Тодевска
Најдобар текст на песна за „Само за неа“ од Влатко Илиевски
Најдобар радиски поп хит за песната „Ти се промени“ од Роберт Билбилов
Најдобар радиски хип-хоп хит за песната „Добро да е“ од Слаткаристика
Најдобар радиски рок хит за песната „Љубов“ од Бени и Нон-Стоп
Најдобра балада е песната „Не е фер“ од Дарко Илиевски
Најдобра преработка на песна е „Боби баш ми е гајле“ на Ај Кју
Најдобра соработка е песната „Пред да се раздени“ на Есма и Влатко Лозановск
Избор на публиката и ѕвезда што се раѓа е Тајзи.
Наградата за трајни вредности и припадна на групата „Лева патика“ за легендарната песна „Неправда“.
Наградите беа доделени од повеќе славни личности, меѓу кои Весна Бејби Петрушевска, Дадар, Светлана Црнокрак, Вера Јанковиќ, Виктор Петров – Викса, Григор Копров и други.
Свои настапи имаа Нокаут, Влатко Лозановски и Есма, Влатко Илиевски, Тајзи, Лева Патика и интернационалните гости Јелена Розга и Владо Георгиев кои добија награди за најслушани ѕвезди од соседството.
Слушнете го најголемиот радиски хит за 2013 година
„Нокаут“ покрај оваа награда добија награда и за најголем радиски хит отпеан од група.
Вредна парична нагрда од 60.000 денари и



