Нонковиќ: „Професионализираната“ МРТ предводена од „независната“ Агирова сериозно се помачи да го измонтира фијаското на Јанева

За елоквентноста, професионалноста и писменоста на т.н. Специјална обвинителка Катица Јанева, целата македонска јавност можеше да се увери уште кога беше поставена на позицијата, а кога при првичните изјави не можеше да состави една просто-проширена реченица, вели долгогодишниот новинар Бобан Нонковиќ одговарајќи на новинарско прашање за став во врска со вчерашното интервју на Јанева емитувано на МРТ.Според него, освен што Јанева се избламира, со интервјуто се посрамоти и самата МРТ чиј уредник е „независната“ Аргирова по предлог на СДСМ.
-Тоа, за жал, покажа како оние што однадвор истата им ја наметнаа на политичките лидери во Македонија гледаат на нашата држава и како всушност очекуваат да се разреши најголемиот политички скандал со прислушувањето. Тоа е очигледно преку монти-пајтоновски прес-конференции на Јанева и нејзиното друштво, кои се само продолжение на прес-конференциите на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев од објавувањето на т.н. „бомби“, а со цел замајување на јавноста. Сепак, она што нас како општество, а пред се новинарите кои долги години ја извршуваме оваа професија, сериозно треба да не загрижи е сериозната монтажа и режија на веќе снименото интервју што е извршена од страна на новото уредништво во Македонската телевизија, а каде неодамна со политички диктат беше именувана „независната“ Санта Аргирова, која е поранешен шеф на кабинет на Илинка Митрева, додека оваа беше министер за надворешни работи во Владата на СДСМ (од 2002 до 2006 година). Ај што е досега невидено во медиумската историја соговорник во интервју за време на целиот разговор да чита напишани одговори од лист на очигледно веќе однапред поставени прашања, туку сега видовме дека во „професионализираната“ Македонска телевизија, предводена од „независната“ Аргирова, всушност, сериозно се намачиле да измонтираат едно фијаско од интервју, па од снимени 30 минути да состават килав десетминутен разговор, со цел да се сокрие сериозно нискиот интелектуален капацитет на т.н. Специјална обвинителка, вели новинарот.
Нонковиќ вели дека „независната“ главна уредничка на нашиот Национален сервис, избрана со Третиот пржински договор, а на предлог на СДСМ, новинарството, известувањето и слободата на изразување го разбира по Севернокорејски модел
-Ова ме потсетува на пренесот преку снимка на државната телевизија во Пјонгјанг на фудбалскиот натпревар Северна Кореја – Португалија пред шест години, кога за време на Светското првенство во Јужна Африка, Севернокорејците загубија со убедливи 0:7. Државната телевизија на Северна Кореја, од одиграни 90 минути, емитуваше само 30-тина минути од мечот и тоа само со шансите на нивниот национален тим, за на крајот да објават дека натпреварот завршил без голови. Очигледно, „независната“ главна уредничка на нашиот Национален сервис, избрана со Третиот пржински договор, а на предлог на СДСМ, новинарството, известувањето и слободата на изразување го разбираат по Севернокорејски модел. Се плашам дека принципот на владеење во Северна Кореја е и примерот што сака да го следи и партијата што ја избра Санта Аргирова за главен уредник на МРТВ, доколку дојдат на власт во Република Македонија, коментира Нонковиќ.Според него, освен што Јанева се избламира, со интервјуто се посрамоти и самата МРТ чиј уредник е „независната“ Аргирова по предлог на

Пронајдете не на следниве мрежи: