Нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Погодете за кого станува збор!

Најпопуларното шоу Ѕвездите на Гран кое имате прилика да го гледате секоја сабота добива нов член. Од оваа сабота почнува вториот круг од натпреварувањето на Ѕвездите на Гранд. Во продолжение на шоуто популарната фолк пејачка   Вики Миљковиќ ќе биде шестиот член од жирито. Таа ќе ѝ се придружи на популарната петорка која ја сочинуваат Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Марија Шерифовиќ, Шабан Шаулиќ и Јелена Карлеуша.

„Многу ми е мило што ќе бидам шестиот член на жирито. Тоа ќе биде голем предизвик за мене, а ќе се трудам да бидам реална бидејќи мислам дека тоа е најдобро за натпреварувачите“, вели Вики.
Популарната пејачка од првата сезона била во улога на жирито на аудициите за Ѕвездите на Гранд заедно со Саша Поповиќ, а сега конечно постигнале договор да стане дел од постојаниот состав на „судиите“.

 
На прашањето како  ќе се сложи со колегите Вики вели: „Знам  само дека ќе ги бранам своите ставови односно она за што мислам дека сум во право било да е позитивно или негативно.
Колку ќе се сложиме во тоа времо ќе покаже“, вели таа и додава дека е најважно младите пејачи да научат како треба да работат.

Популарната пејачка најавува и  нов албум кој овој пат ќе го издаде за Гранд продукција.
„Албумот веќе е при крај. Еден спот веќе е готов, а наскоро и вториот ќе биде завршен. Новата песна ќе ја промовирам на 23-ти јануари“, вели Вики.Од оваа сабота почнува вториот круг од натпреварувањето на Ѕвездите на Гранд. Во продолжение на шоуто популарната фолк пејачка   Вики Миљ

Пронајдете не на следниве мрежи: