Нов француски закон ќе казнува за контактирање на вработените по работното време

Нов закон наложува дека компанија со 50 и повеќе вработени, не смее да праќа мејлови до вработените по завршување на работното време.Непостоењето на можност за целосно оттргнување од работата, со себе влече ментални и физички последици по здравјето. Токму затоа, наметнатите контактирања со вработените во врска со работата вон работното време, наскоро ќе стане илегално во Франција.
Оваа земја им дава на вработените 30 слободни денови годишно и 16 недели платено боледување. Но, последната иницијатива ја прави Франција најпопуларна.
Според „Би-Би-Си Њуз“, новото „право за дисконектирање“ ќе биде законски регулирано со тоа што компанија со 50 или повеќе работници, не смее да праќа мејлови по завршување на регуларното работно време.
Законот е последица од бројни истражувања кои покажуваат дека луѓето сѐ потешко се оддалечуваат од работните обврски.
„Од друга страна, со овој закон им се обезбедува на Французите целосно да уживаат во слободното време“ – вели Беноа Хамон од францускиот парламент.
Имено, повеќе истражувања покажуваат дека застапеноста на стресот поврзан со работата е поголема од кога и да било, како и дека стресот е постојан. Вработените физички го напуштаат работното место, но не ја напуштаат работата. Тие се приврзани со електронски „каиш“ – како кучиња. Пораките, мејловите, социјалните мрежи – го колониризаат животот на индивидуата до точка по која тој / таа евентуално не потклекне на стресот.
Фото: Вол Стрит ЖурналНепостоењето на можност за целосно оттргнување од работата, со себе влече ментални и физички последици по здравјето. Токму затоа, наметнатите конта

Пронајдете не на следниве мрежи: