Нов голем скандал во кралското семејство!

Loading...

Некои постари членови на кралското семејство не се поканети на крштевката на принцот Џорџ, која ќе се одржи кон крајот на месецот, бидејќи неговите родители сакаат свеченоста да биде интимен и семеен настанот.Тетката на принцот Вилијам, принцезите Ен и Софи, грофицата од Весекс, не се поканети. Иако Бакингамската палата одби да го коментира овој скандал, се чини дека ни прачичковците на Џорџ, принцот Ендрју и принцот Едвард исто така не се поканети на долго очекуваниот настан кој ќе се одржи на 23 октомври, пишува Дејли Мејл.
Вилијам и Кејт одлучија да раскинат со кралската традиција и се одлучија синот да го крстат во капела во палатата Сент Џејмс, бидејќи просторот е помал и поинтимен од Бакингамската палата. На крштевката ќе присуствуваат само најблиското семејство и пријателите.
Списокот на поканети гости се уште не е потврден, но на кршетвката сигурно ќе присуствуваат кралицата и принцот Филип, принцот Чарлс и војвотката од Корнвал, принцот Хари, потоа родителите на Кејт, Мајкл и Керол Мидлтон, сестрата Пипа и братот Џејмс. Се очекува и објава на имињата на шест кумови, но тоа најверојатно ќе биде долгогодишниот советник на Вилијам, Џејм Лотер Пинкертон, најдобриот пријател Томас Ван Страубензе и поранешната кралска дадилка Тиги Лег Борк.

 
Одлуката на кралската двојка да го промени местото на крштевката изненади многумина, со оглед на тоа дека принцот Вилијам, принцот Чарлс, принцот Ендрју и принцезата Ен се крстени во Мусиц Роом, во Бакингамската палата, додека кралицата е крстена во приватната капела на палатата.
Војводата и војвотката од Кембриџ одамна покажаа дека нема да се држат до старите кралски обичаи.
Вилијам за венчавката го намали предложениот попис на гости бидејќи некои луѓе не ги ни познавал, а двојката се одлучи наместо официјален портрет да ја објави првата семејна фотографија на принцот Џорџ, кој ја сликаше таткото на Кејт, Мајкл.
Двојката е поврзана за палатата Сент Џејмс, која до неодамна беше нивен дом, а пред олтарот на капелата во 1997 година лежеше телото на мајката на Вилијам, Дајана, кога семејството и пријателите и оддаваа почест при испраќањето во Вестминстерската катедрала.
КурирТетката на принцот Вилијам, принцезите Ен и Софи, грофицата од Весекс, не се поканети. Иако Бакингамск

loading...
Loading...