четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нов мебел во студентските домови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интензивно се реализираат најавите за набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови.Компанијата која на јавниот повик на Министерството за образование и наука за изработка на мебелот достави најповолна понуда, истиот го изработи и согласно дефинираната динамика, веќе го дистрибуира во студентските домови во главниот град, каде има и најголема концентрација и фреквентност на студенти. Досега, целосно е опремен реконструираниот блок А во студентскиот дом “Гоце Делчев“.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски неодамна информираше дека согласно очекувањата, набавката на новиот мебел целосно ќе се реализира до крајот на месец април. 
“Според договорот е предвидено набавка на нови кревети, душеци, маси, столици, бироа и плакари за сите 10 државни студентски домови. За оваа инвестиција од буџетот на Министерството за образование и наука одвоени се 100 милиони денари“, рече Ристовски.
Покрај набавката на новиот мебел, Владата и МОН минатата година извршија целосна промена на сите постоечки лифтови во сите студентски домови, за што беа инвестирани 15 милиони денари, а во тек е и инсталирањето на машините за перење и сушење – инвестиција во вредност од 11 милиони денари.Компанијата која на јавниот повик на Министерството за образование и наука за изработка на мебелот достави најповолна понуда, истиот го и

Поврзани вести