Нов пресврт во скандалот што го предизвика Фејсбук поради цензура на историска фотографија

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг, беше обвинет за „злоупотреба на службената положба“ од главниот уредник на најголемиот норвешки весник „Афтенпостен“.Скандал го стресе Фејсбук поради одлуката да ја избрише познатата слика на „напалм девојчето“, направена за време на војната во Виетнам.
Основачот на Фејсбук Марк Закерберг, беше обвинет за „злоупотреба на службената положба“ од главниот уредник на најголемиот норвешки весник „Афтенпостен“ Еспен Егил Хансен.
Сликата е обележје – на неа се гледа голо 9-годишно девојче
Луѓето трчаат по пат откако селото им било нападнато со напалм. Познатата слика е на фоторепортери на Асошиејтед прес, направена е во 1972 година и добила „Пулицер“.Снименото девојче е Фан Ти Ким и го покажува ужасот од војната. 
Фејсбук, сепак одбива да ја објавува, бидејќи ги крши правилата против прикажувањето на голотија. 
Самата Ким коментира дека е тажна од оние кои се фокусираат на голотијата во историската слика, а не врз моќната порака која таа ја предава. 
Нормално е сликата на голото дете да биде отстранета
„За прекршување на правилата на нашата заедница таа беше отстранета, а во некои земји дури би била на суд за детска порнографија. Во овој случај ние ја признаваме историската и светска важност на оваа слика“ – рече портпаролот на компанијата во и-мејл до АФП.
Полемиката започна кога пред две недели Фејсбук ја избриша фотографијата од страната на норвешкиот автор Том Егеланд и потоа многу луѓе, меѓу кои и норвешката премиерка Хернан Сулберг, ја објавија сликата во знак на протест.
Хансен напиша отворено писмо на официјалната страница на „Афтенпостен“ до Закерберг, изразувајќи ја својата позиција дека неговата „одговорност како главен уредник“ била ограничена од Фејсбук.
Хансен ја обвини социјалната мрежа во одбивање да се прави разлика помеѓу слики на злоупотреба на деца и „познати воени фотографии“.
Главниот уредник, исто така го обвинува Фејсбук во „цензурирање на критиката“ поради привремената суспензија на профилот на писателот Егеланд. Престапот на писателот било дека тој споделил на „Фејсбук“ статија од норвешкиот весник „Дагависен“, во која се содржи сликата. 

Facebook erased the photo of Vietnam’s ‘napalm girl.’ Norway (and its PM) don’t like that https://t.co/pFwqeJWtEk pic.twitter.com/Ij0rzuhOGS
— The Globe and Mail (@globeandmail) September 9, 2016
Скандал го стресе Фејсбук поради одлуката да ја избрише познатата слика на „напалм девојчето“, направена за време на војната во Виетнам

Пронајдете не на следниве мрежи: