Нов проект на „Да научиме“

Итало студ е најнов проект на едукативниот центар Да Научиме – Скопје. Претставува дел кој во целост е насочен на можностите за изучување на италијански јазик во Италија, пракса по италијански јазик за дипломирани студенти по италијaнистика – наставна насока, како и можност за добивање на официјален сертификат за познавање на италијански јазик. Едукативниот центар Да Научиме, ќе овозможува подготвителни часови за полагање на испитите АIL по италијански јазик.Едукативниот центар Да Научиме е основан на 01.01.2013 и е посветен на едукација на млади.
Започна со водење на веб порталот www.danaucime.mk. Во референтната листа на изработени проекти на Да Научиме се вбројуваат:
– Прва база на приватни подучувачи, каде секој ученик може да најде професор од соодветната област односно бесплатна платформа за сите подучувачи по различни вешитни;
– Еду Картичка – прва младинска картичка за попусти и поволности во Р.Македонија;
– Грид Образование и Еду Магазин – портали со содржини од едукативен карактер.
На 09.04.2014, со едногласна потврда од Академијата за Италијански јазик (ACAD), Да Научиме се здобива со право да биде официјален центар за полагање на испит АIL и добивање на официјален сертификат за познавање на италијански јазик.
Повикувајќи се на дологодишното искуство во образовниот сектор, посебно во делот италијански јазик и култура како и на истражувањето извршено на студенти и изучувачи на италијански јазик, Да Научиме, преку Итало студ, се потруди да овозможи голема гама на прецизно одбрани јазични центри за италијански јазик и култура, каде секој вљубеник во италијанскиот јазик, ќе може да најде курс кој му одговара според неговите потреби. Исто така, Итало Студ склучи соработка со неколку едукативни центри во Италија, за курс пракса, по дидактика на италијански јазик. Итало студ ќе известува за сите новитети поврзани со италијанскиот јазик во Македонија и Италија.
Нашата визија е да им овозможиме на сите оние кои се заинтересирани за изучување на италијански јазик да можат да поминат одреден период во Италија, изучувајќи го овој јазик.
Нашата мисија е да им овозможиме на сите љубители на италијанскиот јазик супериорна органзиација и услуга пред и за време на патувањето, со најповолна цена, како и сите потребни информации за добивање на сертификат по италијански јазик.
Да Научиме е едниствен портал од Македонија, кој беше номиниран за најдобар интернет производ од Македонија за Светската награда World Summit Award за 2013 година и успеа да се пласира во привите 40 земји.
Со само една година постоење, Да Научиме се здоби со награда – Најдобар сајт од областа на образованието –( III- место) и најиновативен сајт (III- место).Едукативниот центар Да Научиме е основан на 01.01.2013 и е посветен на едукација на млади.
Започна со водење на веб порталот www.danaucime.

Пронајдете не на следниве мрежи: