четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нов студент бран – подгответе се !

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето утре изутрина во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од јужен правец. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува па во крајните западни делови на земјава се очекува кон крајот на денот да има повремени врнежи од снег на планините, а на пониските места од дожд и снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми.  
 

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус шест, а дневната од еден до шест степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, но кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до два степена.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Само на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Утри

Поврзани вести