Иако е исклучително популарен во Кина, овој тренд делува прилично застрашувачки.Додека потемнетиот тен на Запад претставува идеал, во Азија исклучително се цени светлата кожа. Со цел жените од Кина да останат “бели” и во текот на летото, измислен е фејскин – парче ткаенина кое ја штити кожата од потемнување од сонце, алги и јадежи од медуза. Ова е изум на Џанг Шифан од Кингда во 2004. година, пишува “Lonely Planet”.
Фејскинот во потполност го прекрива лицето и вратот, а исклучок се единствено отворите за очи, уста и нос.
И додека во Кина тие претставуваат сосема вообичаен призор (истото важи и за носење чадор на сончево време), во останатите делови од светот не е баш пријатна слика за гледање.
Додека потемнетиот тен на Запад претставува идеал, во Азија исклучително се цени светлата кожа. Со цел жените од Кина да останат “бели”





