Нов вирус за iOS инсталира лажни апликации!

Полека поминува времето кога iOS важеше за најсигурен мобилен оперативен систем, за кој не требаше да инсталирате анти-вирус. По XcodeGhost, се појави и нов вирус за телефоните и таблетите на Apple…Наводно, новиот вирус го носи името YiSpecter, а најмногу е проширен на уредите на Apple во Азија. Според компанијата за софтверска безбедност Palo Alto Networks, кога YiSpecter ќе се најде на телефонот, прави вистински хаос во оперативниот систем. На пример, повеќето инсталирани апликации ги заменува со лажни кинески верзии, го менува пребарувачот на Safari, ги менува вашите bookmarks и споделува ваши лични информации без да добие дозвола.
Вирусот наводно се проширил преку апликација за споделување на порнографски содржини со име QVOD. Оваа апликација е популарна на азискиот континент, така што јасно е зашто засега вирусот е најпроширен таму.
Повеќе на  GSM.mk Наводно, новиот вирус го носи името YiSpecter, а најмногу е проширен на уредите на Apple во Азија. Според компанијата за софтверска безбедност Palo

Пронајдете не на следниве мрежи: