Нова инвестиција: Чагатај кабло ќе вработи 200 лица!

Нова инвестиција за 200 нови работни места. Турската компанија Чагатај кабло ќе гради фабрика во зоната Бунарџик. Се работи за компанија која произведува електроника за автобуси и земјоделска механизација, а во Скопје доаѓа како добавувач на Ванхул, белгискиот производител на автобуси.Сопственикот на Чагатај кабло за Економски.мк вели дека во Македонија ги носат поволностите за инвестирање во зоните, поддршката од надлежните институции, но и младиот и стручен кадар.
-Ќе почнеме со градба на фабриката во 2017 година. Зедовме под закуп парцела со големина од 20.000 метри квадратни во Бунарџик. Нашиот план е до крајот на 2017 да почнеме со работа. Планирано е да почнеме со 100 вработувања и три милиони евра инвестиција. Подоцна ќе ја прошириме инвестицијата на 6 милиони евра и ќе вработиме вкупно 200 лица“, вели Ахмет Короглу, сопственик на Чагатај Кабло.
Првичниот контакт со турската компанија е остварен благодарение на сопственикот на Ванхул. Директорот на зоните вели дека позитивното искуство на посточеките инвеститори е клучно за земјава.
-Првичниот контакт дојде по барање на Филип Ванхул. Тој дојде и рече еве компанија со која сакаме да соработуваме. И ние почнавме со преговори. Избраа локација која и блиску до Ванхул и во 2017 ќе почнат со работа. Некаде во втората половина од годината веќе ќе почнат и обуките за новите работници, вели Виктор Мизо, директор на Дирекција за ТИРЗ.
Производите на Чагатај кабло ќе ги купува Ванхул, но и ќе се извезуваат на европскиот пазар. Тоа ќе значи раст на извозот од земјава за сметка на увозот, затоа што уште еден производ кој досега се набавувал од странство, ќе се произведува во земјава.
Компанијата работи за Мерцедес и за сите големи производители на автобуси и трактори и друга земјоделска механизација. Во Турција вработува над 300 работници.Сопственикот на Чагатај кабло за Економски.мк вели дека во Македонија ги носат поволностите за инвестирање во зоните, поддршката од надлежните инст

Пронајдете не на следниве мрежи: