Нова македонска супер група ТЕМПЕРА, ексклузивци на Авалон Продукција!

Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме,дека Авалон Продукција започнува соработка со новата македонска супер група Темпера.Во следниот период Авалон Продукција ќе биде извршен продуцент,односно издавач,промотер и букинг агент на бендот Темпера.
Супер групатаТемпера е оформена 2013година во Скопје,а во неа членуваат музичари со огромно искуство,кои учествувале или соработувале со најголемите и најкултните македонски бендови:Архангел,Мизар,Кисмет,Влатко Стефановски Трио…
Драган Гиновски Гино –гитарист и композитор.На свои петнаесет години,го оформува Гино де Гаги-урбан андерграунд бенд,а во 1988г.заедно со Ристо Вртев и Дејан Аргировски го создаваат македонскиот култен бенд Архангел,каде членува се до 2011г.Како дел од Архангел,  многу музички критичари го прогласуваат за еден од најдобрите рок гитаристи во Македонија.
Ѓоле Максимовски –бас гитара и композитор.Музички активен од средината на 90тите,басист и композитор на албумите на Тилт,Сет,Беневентан Трио,Мозаик,како и оснивачна бендот Кабадајас.Од 1998 до 2005 член на Архангел.Учесник во снимањето на албумите на Алшар,Мугер Фугер,а во моментов како и изминативе десетина години е и дел од Влатко Стефановски Трио,со кого има остварено успечни соработки со неколку светски реномирани музичари, како Јан Акерман,Теодосиј Спасов,Стефан Миленковиќ.
 Мите Димовски –тапанар,композитор,аранжер,продуцент. Својата музичка кариера ја започнува на свои 12г во групата Цилиндер,како најмлад тапанар во екс Ју .Најголемиот дел од својата кариера како музичар ја има поминато во групата Архангел од 1991 до 2005г. и учествувал во снимањето на 4албуми на бендот.Во својата дваесет годишна кариера, има учествувано во импозантни, преку 400 проекти како продуцент,а покрај многуте музички имиња соработувал и со Мизар,Анастасиа,Фолтин,Кирил Џајковски,Влатко Стефановски…
Тања Тас-вокал и текстописец.Уметник,дипломиран сликар и графички дизајнер,својата музичка кариера ја започнува на 16годишна возраст како вокал на првиот македонски блуз бенд Wild Bunch.Континуирано од тогаш учествува во доста музички проекти заедно со Кисмет,Лилит,Горан Трајкоски Готра,Игор Атанасовски Харе…
Повеќе информации за активностите на бендот наскоро!Во следниот период Авалон Продукција ќе биде извршен продуцент,односно издавач,промотер и букинг агент на бендот Темпера.
Супер групатаТемп

Пронајдете не на следниве мрежи: