Нова песна и прв спот за младиот Јасмин Алиевски

Новата песна на младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски е во лесен латино и летен ритам.Новата песна на младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски е во лесен латино и летен ритам. Препознатлив по својата долга коса и моќен глас, Јасмин и за оваа песна, како и за претходните се одлучи да ја продолжи соработката со Лазар и Магдалена Цветковски, кои за него ја изработија „Сакам да заборавам“. Познатиот продуцент Лазар се погрижи за музиката и аранжманот, додека неговата сестра, пејачка и текстописец Магдалена Ена го направи текстот.
Јасмин за „Сакам да заборавам“ деновиве го сними и неговиот прв официјален видеоспот. За неговата целосна изработка се погрижи тимот на „Горила продукција“ на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски. Спотот се снимаше на неколку локации во Охрид и ќе биде промовиран наскоро.
Со оваа негова четврта по ред песна, Јасмин само го најавува своето се почесто учество на музичката сцена и вели дека многу посериозно ќе се потруди да го заработи своето место на македонската естрада.
Слушнете ја новата песна на Јасмин, на ТЗМ.МКНовата песна на младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски е во лесен латино и летен ритам. Препознатлив по својата долга

Пронајдете не на следниве мрежи: