НОВА ПОЕТСКА КНИГА ОД ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ

Во рамките на јубилејната програма,по повод 25-годишнината од основањето на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга „Струпки“ од современиот македонски поет, публицист и преведувач, Георги Барбаровски.Во „Струпки“ авторот застапува педесетина песни поделени во четири тематски целини. Кон изданието е поместен поговор на познатиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски, во кој се нагласени високите естетски вредности и оригинални тематски преокупации на авторот.
Георги Барбаровски (Дабиле,1949) и припаѓа на генерацијата македонски поети, која во нашата литература се појави во седумдесетите години на минатиот век. Автор е на стихозбирките: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“, „Совршен лов“ и „Пеење и натпевање“. Негови творби се преведни на српски, турски, словенечки, албански, романски, полски и чешки јазик.Во „Струпки“ авторот застапува педесетина песни поделени во четири тематски целини. Кон изданието е поместен поговор на познатиот

Пронајдете не на следниве мрежи: