понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Нова публикација на Државниот архив на Република Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ве информираме дека излезе од печат зборникот на документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)”, во редакција на д-р Ленина Жила и д-р Филип Петровски. Документите сведочат за времето кога руските бегалци – поединци и цели семејства – дошле во Македонија и нашле сигурно прибежиште на нашата територија.
Еден од основните мотиви за објавување на зборникот факсимилни документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” е да воведе во науката голем број претходно непознати и неистражувани документи.
Рускиот и македонскиот народ имаат долги историски, духовни и културни врски. Руската заедница во Македонија во текот на годините се издигна на високо ниво и се одликува со видни поединци од областа на културата, уметноста, образованието, спортот и науката.
Зборникот ќе биде еден чекор напред и вовед во плодната научна соработка во иднина и воедно повод за нови конкретни културни активности во прилог на зацврстувањето на руско-македонско пријателство.

Поврзани вести