Полицијата кај каналот во Црвенка пронајде прамен од коса за кој се претпоставува дека ѝ припаѓа на Јелена Марјановиќ.Праменот ќе биде предаден на вештачење за да се утврди ДНК примерокот.
Постои можност на него да има траги коишто ќе посочат кој е убиецот на пејачката.
Да потсетиме, инспекторите и форензичарите вчера го пресушија насипот во Црвенка кај Борча, а потоа заминале кон семејната куќа на Марјановиќ и таму вршеле детален претрес. Со себе зеле дел од облеката, обувките и алатот на семејството.
Свекорот на Јелена, Владимир, паднал на полиграфот на две прашања кои се однесувале на тоа дали крие нешто за убиството, како и тоа дали неговиот син Зоран е вмешан во злосторството.
Зорица Марјановиќ одбила да оди на полиграф, зошто, како што вели тоа ќе влијае на нејзината „натприродна“ енергија.



