Нова трета песна за Евровизија на Лозано и Есма?!

По вчерашната промоција на втората македонска евровизиска песна „Пред да се раздени“, повторно се појавија низа негативни коментари. Тоа ја натера МРТВ да го ангажира композиторот Јован Јованов, кој треба да предложи нова композиција со која Македонија ќе се претстави на Евросонг во Шведска. 
По првата “Империја” и вчерашната “Пред да се раздени”, дознаваме дека Есма и Влатко Лозановски ќе добијат и трета песна со која ќе се обидат да ги освојат симпатиите на домашната публика.
Овој пат, МРТВ се одлучи да го ангажира Јован Јованов, кој до сега има учествувано на Евросонг со своја композиција и за кого многумина велат дека требало многу порано да биде повикан, бидејќи секогаш знае да одговори на задачата.
Времето си оди, а роковите се многу кратки до последниот датум кадешто Македонија треба да ја испрати својата песна за Евровизија, па се шпекулира дека  по нарачка на МРТВ на евровизиска песна работат уште неколку композитори и дека е можно Есма и Влатко да испеат и повеќе од три песни.
 По вчерашната промоција на втората македонска евровизиска песна „Пред да се раздени“, повторно се појавија

Пронајдете не на следниве мрежи: