Новаковски: Зошто се бара графолошко вештачење, ако тој глас не влијае на изборниот резултат?

-Што ќе промени графолошкото вештачење, ако еден глас не влијае на изборниот резултат?- се чуди поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски на прашање од Република дали ДИК има надлежност да побара графолошко вештачење.– Тука се работи за пропуст на Избирачкиот одбор, ако некој и го злоупотребил потписот на дотичната, а тогаш е надлежно Јавното обвинителство. Но, ако овој еден глас влијае на резултатот на изборите во тоа избирачко место, и тој еден глас врши промена на мандат, тогаш може и да се поништо гласањето и да се прегласа. Но, нема шанси еден глас да има такво влијание- образложи Новаковски.
Поранешниот претседател на комисијата и кривичар по вокација, вели дека нема таков графолог кој што за кус рок ќе пресече за потписот. Особено не, додава, до полноќ, колку што ДИК има рок за одлучување.
-Ниту пак барање на графолошко вештачење  е во надлежностите на ДИК. Ако се тргне така треба да се направат графолошки вештачења на сите гласови, од сите кои гласале- коментира експертот.
Тоа што се случило го направило Избирачкиот одбор. И сега да докажуваш дали е тој пропустот што го направил Избирачкиот одбор повреда на избирачко право, воопшто не се поврзува со случај за поништување на гласањето, затоа што тоа не влијае на резултатот, анализира Александар Новаковски.– Тука се работи за пропуст на Избирачкиот одбор, ако некој и го злоупотребил потписот на дотичната, а тогаш е надлежно Јавното обвинителство

Пронајдете не на следниве мрежи: