Новата грчка министерка со уште порадикални изјави и пораки

Првата порака до македонското политичко водство од новата грчка влада стига преку новата министерка за Македонија и Тракија, јавува допсиникот на Нетпрес од Атина.Немало да се дозволи злоупореба на името и историјата на Македонија, е пораката што министерката Марија Колија Царуха ја упатила до македонската влада, се вели во соопштението на министерството по повод примопредавањето на функцијата.
„Секако дека таа не пропушти да испрати јасна и силна порака до политичкото водство во Скопје, ставајќи јасно до знаење уште на самиот почеток дека нема да има злоупотреба на името и историјата на Македонија“, стои во соопштението на министерството.
„Ќе го почитуваме пријателството на оние кои што сакаат да ни бидат вистински пријатели, како што ние знаеме како Македонци“ изјави Царуха нагласувајќи дека за Независни Грци важно е да се дефинираат црвените линии кои што тие ги одредиле како неповредливи и како нешто за кое што не се преговара.
Министерот во заминување Јоргос Орфанос пак на Церуха и посака успех и ја охрабри силно да им се спротиставува на оние кои што сакале да го избришат името на Македонија од хоризонотот.
На примопредавањето, меѓудругите, присуствуваше и солунскиот митрополит Антимос.
Позицијата на Независни Грци која што е еднаква на онаа на грчката црква, е порадикална и од досегашната црвена линија за сложено име со географска одредница за вкупна употреба. Според позицијата на независни Грци, решението не треба ни да го содржи терминот Македонија. Партиски извори за весникот Катимерини открија дека коалициските партнери Ципрас и Каменос се согласиле Независни Грци да ја поддржуваат економската политика на Сириза, а за возврат тие да ги почитуваат нивните црвени линии за националните прашања, како прашањето за името.
Незадоволство од составот на грчката владина коалиција изрази и претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц кој што двете партии ги нарече идеолошки непријатели. При вчерашната посета на Атина пак, оствари средба со лидерот на партијата Потами и отворено порача дека подобро ќе беше доколку Сириза коалицираше со оваа партија наместо со Независни Грци.Немало да се дозволи злоупореба на името и историјата на Македонија, е пораката што министерката Марија Колија Царуха ја упатила до македонската вл

Пронајдете не на следниве мрежи: