Новата влада продолжува да ја полни администрацијата со партиски војници

Новата влада продолжува да ја полни администрацијата со партиски војници, но пострашно е што воопшно не се почитуваат процедурите и грубо се прекршуваат законите.Имено Зоран Павловски за нов државен секретар доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во општина Куманово, а не од вработените во министерството, со што беше прекршен законот за административни службеници.
Според законот за административни службеници државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство.
Со ова продолжува и грубата партизација на администацијата од страна на новата влада на СДСМ. Вчера за државен секретар во Министерството за економија беше именуван Зоран Павловски кој е член на коалициониот партнер ЛДП.
Членот 23 став 6 вели: Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.
Според законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7500 до 15 000 евра.
Членот 101 став 2 алинеа 1 од ЗДС гласи: Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на раководното лице на институцијата, ако:– не назначи секретар од редот на раководните административни службеници, спротивно на членот 23 ставови (6), (7) и (8) од овој закон во рок од два месеца од денот на неговото именување на функција.
Ова не е прв ваков случај. Пред една недела ист случај беше во министерството за здравство каде што новоименуваниот државниот секретар Владимир Милошев претходно беше вработен во клиничката болница во Штип, а не во Министерството и исто така во тој случај беше прекршен законот за администрација.Имено Зоран Павловски за нов државен секретар доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и ст

Пронајдете не на следниве мрежи: