Нови 33 ваучери за новороденчиња доделени во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денес додели нови 33 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1906. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.Има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Истиот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.

Пронајдете не на следниве мрежи: