Пред да исчезне и да биде убиена, пејачката Јелена Крсмановиќ ги исплатила своите долгови, пренесе „Курир.рс“.Јелена отишла во аптеката во близина на нејзиниот дом во Борча и платила долг од 1200 динари. Никој не може да знае дали оваа постапка со сигурност може да се поврзе со грозоморното убиство.
„Таа и нејзиното семејство нѝ се редовни клиенти. Тој ден бараше медицински средства за нејзината мајка. Ѝ реков да земе поголемо пакување бидејќи ќе ѝ се исплати, таа ми возврати дека нема уште долго да биде тука“ – изјавил аптекарот којшто бил зачуден од нејзините зборови, но не им придавал значење.
Тој напоменал дека Јелена тој ден го исплатила долгот од 1200 динари.
„Понекогаш земаше нешто на вересија. Таа и нејзиниот сопруг секогаш оставаа дел од парите, барем по 500 динари, а подоцна го исплаќаа долгот“ – изјавил аптекарот.
Тој додал дека членовите од нејзиното семејство биле изненадени што таа го исплатила долгот толку рано.



