Српската и босанската полиција интензивно трага по бањалучката пејачка и старлета Слаѓана Слаѓа Гудураш (27), која во средата исчезнала на патот Бијељина-Белград, на територијата на Србија.Според информациите, полицијата ги истражува базните станици за да може преку мобилниот телефон на исчезнатата пејачка да утврди каде се наоѓала последниот пат.
„Засега се трага со кого таа последен пат била во контакт, а се трага и по нејзиниот темносив голф 5, со кој ја преминала Рача околу 18 часот – по што ѝ се губи секоја трага“ – вели изворот.
Сопствениците на станот во Белград, на Врачар, кој Слаѓана го изнајмила во почетокот на август, велат дека соседите ги известиле за нејзиното исчезнување.
„Тие ни рекоа дека од нашиот стан се слушна страшна бучава и цимолење на нејзиното куче Лара, а кога влеговме внатре, налетавме на вистински неред. Нејзиното куче го дадовме на чување кај соседите“ – рекле сопствениците на станот.
Пејачот Мики Меќава изјави дека заедно со Слаѓана пред десетина дена отишле на снимање на една емисија во Сараево и дека се жалела дека зад нивниот автомобил возело нејзиното поранешно момче, па побарала обезбедување во хотелот.Според информациите, полицијата ги истражува базните станици за да може преку мобилниот телефон на исчезнатата пејачка да утврди каде се наоѓала по



