Полицијата се сомнева дека во убиството на Јелена Марјановиќ (33) е вмешана и една жена, чиј идентитет засега не се открива, пренесоа медиумите.Во рамките на истрагата за злосторството, досега беа осомничени три члена на ова семејство, извршен е и претрес на станот на кумата на семејството Вера, а се испитува и нејзиниот однос со Зоран Марјановиќ, свекорот на покојната пејачка од кого таа не се одделува.
Исто така, се проверува и односот на убиената Јелена и нејзината свкерва, за што досега само малку се дозна, но е сигурно дека не биле во добри односи.
Кумата Вера исто така живее во Борча, а беше испитувана и нејзиниот стан е претресен бидејќи е во блиски односи со семејството Марјановиќ.
„Вера постојано е во куќата на семејството Марјановиќ и ја гледа свекрвата на Јелена како да е икона. Откако Јелена е убиена, таа не излегува од нивниот дом, таму е дење и ноќе“ – открил еден од соседите.
Сите се надеваат дека убиецот ќе биде откриен во најскор можен рок за да може оваа трагедија конечно да добие епилог, а семејството на Јелена конечно да жали во мир.Во рамките на истрагата за злосторството, досега беа осомничени три члена на ова семејство, извршен е и претрес на станот на кумата на семејството



