Нови луксузни желби на техничкиот министер на СДСМ

Почетокот на првиот мандат на Оливер Спасовски како технички министер во МВР остана запаметен по тоа што наместо да се посвети на проекти од полза за граѓаните, истиот гледаше да ги избере најлуксузните возила во министерството и да си обезбеди на себе дипломатски пасош.По неколку месеци поминати надвор од министерството, изгледа се промени вкусот на сопартиецот на Заев, но не и приоритетите односно желбата за луксузни лимузини со кои би бил виден во партијата.
По народната поговорка „Волкот го менува влакното, но не и карактерот“, Спасовски повторно го стартува мандатот со потрага по најдобрите возила во министерството кои би го задоволиле неговиот вкус, но и би биле нешто со кое би се гордеел пред неговите сопартијци.
Овој пат за свое возило избрал Wolksvagen passat CC со силина на мотор од 320 коњи кој е со целосна опрема и има погон на четири тркала.

Спортското возило со кое сака да се гордее Спасовски, има мотор R 36, ист каков што се вградува во Порше Панамера, а развива брзина и над 250 километри на час.
Станува збор за запленето возило кое Спасовски и соработниците го избрале за себе заедно со уште неколку џипови.
За време на својот прв мандат, во кој не сработи ништо, функционерот од СДСМ, Спасовски, се одлучи за луксузно Ауди, а јавноста беше зачудена од неговата злоупотреба на службената положба кога протекоа информации дека тој заедно со своето обезбедување не плаќа патарини кога е на пат.

Според снимките кои протекоа на Интернет, за разлика од останатите граѓани, вработените на местата за наплата на Спасовски и соработниците им ги креваа рампите.По неколку месеци поминати надвор од министерството, изгледа се промени вкусот на сопартиецот на Заев, но не и приоритетите односно желбата за лукс

Пронајдете не на следниве мрежи: