Нови, полесни прашања за владиката Пимен

Loading...

За жал работите излегоа така како што и очекував. За жал владиката Пимен не одговори на осумте јасни и значајни прашања кои се однесуваат на суштинските работи во МПЦ, а се обиде вешто да се затскрие зад крупните и емотивни зборови.Така секој може, дедо Владика, секој може да бега од одговори за значајни теми, а да дискутира за пролетта и ластовичките.
 
За мене и за јавноста е многу јасно дека тоа што може да се извлече како заклучок од тоа што го кажува Владиката Пимен е следново:
 
Како може дедото Владика Пимен да зборува за се’ во оваа држава, а само не за МПЦ, институцијата од која што се жалеше дека не зема плата? Како за него позначајни теми се дали му верува на некој градоначалник од тоа дали верува во МПЦ?
 
Фактот што Владика  Пимен кој себе си се потенцира и сака да се прикаже како скромен човек, а говори за слава кажува за една темна страна на неговиот сопствен карактер. Оттука почитуван Владико треба да одговориш што бараш секој ден на медиуми ако не сакаш слава, и тоа на медиумите на СОРОС истите тие кои се перјаници за легализацијата на геј браковите, абортусот, се против веронауката, против празнувањето на црковните празници, против поддршката за новородено дете, а се бунтуваш и ги критикуваш оние граѓани кои со скромност и со својот глас ја бранеа црквата и спречуваа нејзино уривање, исто онака како што секогаш знаеле да ја бранат и кога ти си бил Владика и кога не си бил.
 
Ако ти е тешко да одговориш на првите осум прашања, дедо Владика, еве ти поставувам нови, многу полесни за тебе:
 
Ако поршето не е твое, а јас ти верувам, те молам објасни ми од каде поривот на едно духовно лице како тебе да се слика во вознес во едно такво лускузно и земско задоволство? Од каде е таквиот среброљубив порив кај еден „скромен” владика?
 
Дали дедо Владика се имаш возено на скапиот мотор на твојот ментор дедо Наум? 
 
Зошто дедо Владика ги двоиш и делиш твоите собраќа Владици во МПЦ? Едните ги напаѓаш како да ти се крвни непријатели, а другите ги браниш како да им си должник за некои услуги на овоземниот живот.
 
Фактот дека Владиката Пимен свесно ги избегнува темите, под плаштот дека се солидаризира со МПЦ која ете не му давала плата, а пет дена говори за други владици од Синодот и јавно ги жигосува, говори за тоа каков човек е Владиката. За Владиката Пимен помили му се оние кои се перјаници за легализацијата на геј браковите, марихуаната, абортусот, се против веронауката, против поддршката за новородено дете, од неговите браќа од Синодот. Ова покажува кој и какви вредности поддржува.
 
Автор. Дејан Николовски/НетпресЗа жал работите излегоа така како што и очекував. За жал владиката Пимен не одговори на осумте јасни и значајни прашањ

loading...
Loading...