петок, 27 ноември 2026
Најново

Нови сознанија за македонското културно наследство оф проф. д-р Димитар Корнаков

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Во едицијата „Културно наследство“ на издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат монографијата „По трагите на нашите предци – нови сознанија за македонското културно наследство“ од проф. д-р Димитар Ќорнаков.На страниците од своето најново богато илустрирано дело, познатиот научник пишува за најначајните македонски светилишта, како и  за развојниот пат на резбарството во Македонија и посебно ги анализира резбите во манастирот Свети Јован Бигорски, царските двери од црквата Св.Кирил и Методиј во Гевгелија, копаничарите од Река и др.
Димитар Ќорнаков и припаѓа на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност и на богатото културно наследство на Македонија. Автор е на монографските трудови „Творештвото на мијачките резбари“, „Македонска резба“ , „Македонски манастири“ , „Резбарски центри во Македонија“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Слимнички манстир“, „Од првиот грев до Страшниот суд“, „Копаничарот Макарија од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Копаничарот Димитрија Станишев од Крушево“ и „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“.
 На страниците од своето најново богато илустрирано дело, познатиот научник пишува за најначајните македонски светилишта, како и  за развојниот

Поврзани вести