Нови ултра модели од Audi А4, А5 и А6 со импресивна ефикасност

· Нови ултра модели од Audi со 136 КС, 163 КС и 190 КС · Поголема ефикасност но возната динамика останува иста · Емисијата на CO2 изнесува од 104 до 119 грама на километарAudi ја проширува својата ултра стратегија со 11 нови модели: Особено ефикасни верзии на мотори кои ќе се вградуваат во моделите А4, А5 и А6 кои ќе бидат лансирани на  почетокот на 2014 година. Нови и моќни дво литарски TDI мотори со 100 kW ( 136 КС) , 120 kW ( 163 КС ) и 140 kW ( 190 КС), со емисија од 104 до 119 грама на CO2 на километар ќе се вградуваат зависно од моделот.
Ознаката „Ultra”  се однесува на одржлива мобилност која е целосно на располагање за секојдневна употреба. Со комбинирана потрошувачката на гориво од 3,9 до 4,6 литри на 100 km и емисија на CO2 од 104 до 119 грама на километар, новите ултра модели од Audi се меѓу најефикасните автомобили во нивниот сегмент – без притоа да се намали возната динамика и удобноста.
Членот на одборот за развој во Audi, д-р Улрих Хакенберг изјави: ” Со најновата TDI технологија, со ултра ефикасен пренос и напредни издувни системи клиенти ќе го забележат само моќното забрзување а благодарение на исклучително ниската потрошувачката разликата ќе ја увидат кога ќе ја посетат бензинската пумпа. Audi ултра моделите имаат големи предности при секојдневната употреба – а тоа е она што клиентите го ценат “.
Моделите од семејствата А4, А5 и А6 доаѓаат со 2.0 TDI мотори. Новите мотори се подобрени во повеќе области особено во делот на ефикасноста и моќноста. Високиот вртежен момент од 320 Nm нуди спортска енергија дури и при мали брзини, а ниската потрошувачка го зголемува задоволството.

 Раководителот на одделот за погонски системи во Audi, д-р Стефан Книрш изјави: 
“Иновативниот, високо ефикасен SCR систем ги отстранува азотните оксиди од издувниот систем. Со тоа можете да ги исполниме идните евро 6 стандарди за емисија на гасови и да постигнеме помала потрошувачка на гориво. ”
Стандардно ултра моделите доаѓаат со мануелен менувач но кај моделот А6 се вградува и иновативниот седум степен S Tronic автоматски менувач кој ја намалува просечната потрошувачка на 4,4 литри на 100 km односно 4,6 литри на 100 km кај Avant верзијата. Тоа одговара на само 114 грама CO2 на километар. Комплетно редизајнираниот пренос со двојна спојка од новата генерација, се одликува со висока ефикасност и со брзо и удобно менување на брзините.
 Стандардниот старт – стоп систем и информативниот систем ја зголемуваат ефикасноста кај новите ултра модели. Кај А4 и А4 Avant направени се измени поврзани со аеродинамиката а намалената е и тежина на каросеријата што дополнително ја оптимизира потрошувачката на гориво.

 
Комбинацијата на превземените мерки придонесуваат кон намалената потрошувачка на гориво и емисија на CO2.  Само 3,9 l/100 km  односно 104 g CO2 на km  кај А4 лимузина со 100 kW , 4,2 l/100 km  односно 109 g CO2 на km кај А4 Avant со 100 kW. Кај А5 купе со 120 kW потрошувачката изнесува 4.3 l/100 km  односно 111 g CO2  на километар и А5 Sportback со 120 kW. Податоците за А5 Sportback со 2.0 TDI мотор и 100 kW следат малку подоцна.  А6 со највисоко ниво на опрема, автоматски менувач и со 2.0 TDI мотор има ултра ниско ниво на емисија на CO2 од само 114 g / km  или 117 g / km кај моделот со мануелен  менувач. Моделот со автоматски менувач на 100 километри троши само 4,4 литри гориво и 4,5 литри кај оној модел со мануелен  менувач.
Гамата на ултра модели од Audi го вклучува и А3 1.6 TDI ултра, модел кој своето деби го имаше како прв ултра модел во 2013 година. А3  троши во просек само 3,2 литри гориво на 100 километри што е соодветно на 85 грама CO2 на километар. Сите ултра модели  визуелно се идентификуваат по дискретната букви во задниот дел.
Audi ја проширува својата ултра стратегија со 11 нови модели: Особено ефикасни верзии на мотори кои ќе се вградуваат во моделите А4, А5 и А6 кои ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: