Новинарка секој ден добива закани за силување…

Станува збор за 21-годишната Алана Пирс од АвстралијаТаа тврди дека секојдневно е предмет на сексистички коментари и закани на социјалните мрежи, и тоа само затоа што е девојка која се занимава со гејминг. 
Алана е водителка на една радио емисија и води популарен ЈуТјуб канал. Ѝ се заканувале со силување и ѝ упатувале сексистички коментари. Таа претпоставила дека тоа го прават средовечни мажи, но пред извесно време открила дека не е во право.
„Неодамна сфатив дека многумина од оние кои ми испраќаат одвратни коментари од сексуална природа преку интернет не се средовечни мажи“, му раскажала Алана на новинар од Guardian.
Со оглед на тоа што многу од тие пораки биле испратени преку Фејсбук, сфатила дека лесно може да им влезе во трагата.
„Се испостави дека главно се работи за млади момчиња и проблемот е тоа што тие не знаат за подобро, па рационалните одговори кои би им ги упатила не би го решиле проблемот. Стигнав до ситуација кога поради нивните коментари почнав да се чувствувам навистина непријатно“, раскажала новинарката.
Исто така таа се обратила и кај нивните родители со надеж дека заканите ќе престанат. Таа тврди дека секојдневно е предмет на сексистички коментари и закани на социјалните мрежи, и тоа само затоа што е девојка која се занимава со геј

Пронајдете не на следниве мрежи: