Новинарски тим спаси камионџија од поплавите во Хјустон

Новинарски тим од телевизискиот канал КХОУ11 од Хјустон спаси возач на камион кој бил заглавен во возилото, во поплавите предизвикани од ураганот Харви.Репортерката Бренди Смит и нејзиниот снимател марио Сандовал, снимајќи прилог за поплавите го виделе камионот блокиран во водата и во него заробен возач, објави „Вашингтон Пост“.
Новинарката повикала спасувачки тим, кој со чамец успеал да го извлече 18-годишниот возач.
Околу 2.000 лица се спасени во Хјустон и околината, откако беше погоден од поплави предизвикани од ураганот Харви, кој опустоши крајбрежен дел на Таксас и усмрти три лица, пренесува Танјуг.
Досега е потврдено дека три лица загинале, но американските медиуми наведуваат дека бројката може да е поголема, бидејќи голем дел возила се уште се под вода.
Метеоролошката служа соопшти дека станува збор за ситуација без преседан и најави обилни врнежи дожд и во периодот кој следува.
Гувернерот на Тексас Грег Абот соопшти дека уште 1.000 припадници на Националната гарда ќе бидат упатени во Хјустон во текот на денот.
Во спасувачките акции  учествуваат 3.000 припадници на Националната гарда, и се користат 40 чамци, 500 возила и 14 авиони.
Си-Ен-Ен јави дека илјадници лица се без електрична струја.
Хјустон е речиси целосно изолиран, со оглед на тоа дека аеродромите и автопатиштата се затворени.
Автобускиот сообраќај е запрен, улиците се претворени во реки, а следната недела нема да работат училиштата.
– Состојбата е тешка, а ќе биде полошо, оцени Абот за „Фокс њуз“.
Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп утре ќе го посети Тексас. Репортерката Бренди Смит и нејзиниот снимател марио Сандовал, снимајќи прилог за поплавите го виделе камионот блокиран во водата и во него заробен

Пронајдете не на следниве мрежи: