Новиот Golf TDI Sportsvan BlueMotion

Потрошувачка на гориво од 3,6 л на 100 км, најдобар во класата компактни повеќенаменски возила.Моделот кој својата премиера ја имаше на меѓународниот саем во Женева Golf Sportsvan TDI BlueMotion е исклучително економична верзија на врвното  компактно повеќенаменско  возило, на кое му се потребни само 3,6 литри за да помине 100 километри, што е еквивалентно на емисија на CO2 од 95 грама на километар.
Volkswagen со терминот BlueMotion се залага за компатибилност со животната средина уште од 2006 година. Со користење на оваа технологија, Volkswagen постојано ја проширува својата понуда на исклучително ефикасни модели, постојано ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.  Покрај ефикасноста, новиот Golf TDI Sportsvan BlueMotion е повеќенаменско возило со пет седишта во кое удобно и безбедно можат да се сместат пет патници, а возилото е флексибилно и обезбедува многу простор за багажот.

Добрата аеродинамика значително придонесува моторот со 81 kW / 110 КС кај Golf Sportsvan TDI BlueMotion да биде исклучително штедлив со горивото. А благодарение на бројните модификации новото повеќенаменско возило постигна импресивна Cd вредност од 0,27. Меѓу факторите кои придонесуваат за подобрена аеродинамиката се: спуштената каросерија на возилото за 15 милиметри, специјалниот спојлер на покривот, решетката која е делумно затворена кон надвор, оптимизираното ладење и специјалните панели под подот.
Golf Sportsvan TDI BlueMotion достапен е со Trendline и Comfortline ниво на опрема. BlueMotion карактеристиките вклучуваат и 15 – инчни алуминиумски тркала и гуми со низок отпор. Новиот BlueMotion модел е дополнително збогатен со Стоп – Старт системот, регенерирање на енергијата при сопирање, подобрен TDI мотор и 6 – брзинскиот мануелен менувач.Моделот кој својата премиера ја имаше на меѓународниот саем во Женева Golf Sportsvan TDI BlueMotion е исклучително економична верзија на врвно

Пронајдете не на следниве мрежи: