НОВИОТ МЕСИ: Погледнете го шестгодишното чудо од дете од БиХ!

Алмедин Бркиќ има шест години, а на Јутјуб веќе има повеќе од 7,2 милиони прегледи, каде е познат како „Новиот Меси“.Алмедин е роден во главниот град на Канада, Отава, каде неговиот татко Неџад се доселил во воената 1994 година од Приједор. Постариот син на Неџад, Муамер, почнал да тренира фудбал, а еднаш на тренинг дошол и малиот Алмедин. Гледајќи го својот брат како игра, побарал и тој да влезе на терен.
Муамер тренираше кај Зија Ништовиќ, кој играше во Вележа и работеше во некои клубови во поранешна Југославија. Еднаш Алмедин дојде да го гледа. Побара да влезе, но му беше непријатно Зија да го пушти Алмедин да игра од страв да не го повредат постарите деца.
!Го пуштивме на моја одговорност. Следеше нешто неверојатно. Не можев да верувам како игра, како ги гледа работите и како се однесува на теренот. Тука во Отава веќе го познаваат”, вели таткото Неџад.Тој одлучил да го сними својот син и да го постави на ЈуТјуб, за да добие мислење од други луѓе. Не ни помислувал дека тоа видео ќе стане популарно.
Неџад својот син веднаш го запишал во академијата „OSU“ која ја води Пол Харис, човек кој 10 години работел во академијата на Евертон. И Харис има само најдобри зборови за Алмедин, но и тој и Неџад се согласуваат дека не треба да го форсираат и дека е рано да се зборува за големи работи.Снимката на Алмедин ја објави и италијанската Gazzetta dello sport, која на насловната страна напишала „Алмедин Меси Бркиќ: 5 години, запомнете го ова дете“.Алмедин е роден во главниот град на Канада, Отава, каде неговиот татко Неџад се доселил во воената 1994 година од Приједор. Постариот син на Неџад,

Пронајдете не на следниве мрежи: