Новиот SEAT Leon – автомобил на годината за 2013 во Македонија

Новиот Seat Leon, е официјалниот победник и носител на титулата „Автомобил на годината” за 2013 година во Македонија.Со одлуката на жирито, новиот Seat Leon се закити со ова престижно признание, кое претставува трета титула за брендот Seat по онаа од првата генерација на Seat Leon и SEAT Altea во период од 18 години.Националното жири составено од шестмина членови, реномирани новинари во својата фела, кои се дел од одредени новинарски здруженија на највисоко европско рамниште и нивните мислења ги делат стручњаците во слични регионални и континентални приредби, одлучи помеѓу 29 учесници и 8 финалисти својата доверба да му ја додели на Новиот Seat Leon.„Да се биде најдобар помеѓу овие извонредни автомобилски креации, сите крајно дизајнерско привлечни, удобни, комфорни, економични и еколошки прифатливи, е навистина заслужна привилегија. Прецизната технологија и високо квалитетното инженерство претопени во емоции и медитеранскиот дух, го создадоа Новиот SEAT Leon како икона на дизајнот во својата класа“, велат од КАДИС.Новиот SEAT Leon е конструиран на новата MQB платформа на Volkswagen групацијата, со поголемо меѓуосовинско растојание, овозможувајќи поголема просторност во внатрешноста како и во багажниот простор ( од 380L ), а пократок е за 52 mm и полесен за 90kg. Во него се вградуваат шест TSI бензински и четири CR дизел агрегати со новaтаStart/Stop технологија кој го прави високо економичен и со емисија на издувни гасови од само 99 грама што претставува импресивен податок за возило од оваа класа.Како победник помеѓу своите браќа доби највисоки оценки во EURO NCAP тестовите со силни 5 звезди, освојувајќи високи 94 % за безбедност на возрасни и 92 % за безбедност на деца.Новиот SEAT Leon е прв во својата класа кој што вградува комплетни LED светла (долги , средни, позициони и светла за дневно возење) осветлувајќи го патот пред вас како да е ден, овозможувајќи максимална безбедност и елеганција во ноќното возење.Исто така, новите системи за детекција на замор и Lane Assist системот дополнително ве чуваат при вашето патување.EASSY CONNECT е системот со кој преку 5.8″ екран чувствителен на допир се контролираат функциите за забава, комуникации и функциите на автомобилот, како и SEAT профилот на возење кој овозможува избирање на различни модуси на возење (ECO, NORMAL, SPORT, INDIVIDUAL).Официјалното доделување на титулата автомобил на годината ќе се одржи на 28 Февруари во хотел Александар Палас со почеток во 20:00 часот.
МакфаксНовиот Seat Leon, е официјалниот победник и носител на титулата „Автомобил на годината” за 2013 година во

Пронајдете не на следниве мрежи: