Новите iPad-и се очекуваат во Ноември

Според аналитичарите од KGI Securities, новите верзии на iPad и iPad Mini најверојатно ќе ги видиме во четвртиот квартал од оваа година, односно во ноември или најдоцна во декември.Аналитичарите веруваат дека новите уреди ќе го поседуваат A7X чипот, за кој се верува дека е до 30% побрз од претходниот. Новина ќе биде воведувањето на Retina екран на iPad Mini, една опција која што беше изоставена од оригиналниот модел. Едно од храбрите предвидувања е дека ќе видиме и поефтина верзија на iPad Mini со A6 процесор, со што Apple би ја зголемил својата таргет група и со оние со пониска куповна моќ.
Ming-Chi Kuo од KGI предвидува дека компанијата ќе продолжи со продажбата и поддршката за iPad 2 се до крајот на 2014-та година. Причината за ова е да се задржат два посебни уреди на пазарот, еден со Retina екран и еден без Retina екран (iPad 2) кој ќе се продава по пониска цена.
Доколку веруваме на овие предвидувања, тогаш е очигледно дека Apple повеќе не се фокусира на иновацијата, туку на цената на уредите…
Извор: gsm.mkАналитичарите веруваат дека новите уреди ќе го поседуваат A7X чипот, за кој се верува дека е до 30% побрз од претходниот. Новина ќе биде воведување

Пронајдете не на следниве мрежи: