Новитет на пазарот- Ѓевреци со уникатни вкусови од Жито Лукс

Жито Лукс започна со производство и продажба на ѓевреци, збогатувајќи ја понудата на пазарот со четири нови вкуса ѓевреци. Класичен, ‘ржан, ѓеврек со маслинки и ѓеврек со суво грозје е новитетот од најголемиот производител во мелничко – пекарската индустрија во Македонија.„Идејата беше да им понудиме на потрошувачите еден нов и поинаков асортиман на ѓевреци, користејќи мајсторија на нов начин преточена во вкусовите кои ги нудиме а кои ќе бидат лесно достапни во маркетите во Скопје. Новитет не се само вкусовите, за кои веруваме дека ќе бидат одлично прифатени, туку и поинаквиот пристап во продажбата на овој производ, зголемувајќи го нашиот асортиман на производи на веќе добро познатите продажни места“, изјави Маја Муратовска од Секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Ѓеврекот со маслинки е направен со парчиња сочни зелени маслинки и внимателно избрана пченица и потполно успева да го долови вкусот на Медитеранот.’Ржаниот ѓеврек е комбинација од избрани житарки и разновидни семиња, сончоглед, сусам, црн сусам и овесни снегулки. Ѓеврекот со суво грозје и цимет пак е уникатен рецепт, кој со својот карактеристичен сладок вкус претставува вистинска новина во овој сегмент производи. Тука е и класичниот ѓеврек,со препознатливиот, богат вкус на сусам. Новите производи може да се најдат во повеќето маркети на територијата на Скопје, а наскоро и во останатите продажни места во другите градови.
Ѓевеците, како и сите останати производи од Жито Лукс кои се присутни на пазарот, се одликуваат со врвен квалитетот неприкосновен за компанијата, а кој директно прозизлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и модерниот технолошко-производен процес.„Идејата беше да им понудиме на потрошувачите еден нов и поинаков асортиман на ѓевреци, користејќи мајсторија на нов начин преточен

Пронајдете не на следниве мрежи: